сабота, 28. март 2020. Вести денес: 107
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јаулески: Јас сум уверен дека и на 12 ти април, УМС ќе ја направи Македонија перспективен избор за креирање на нашата иднина

Јаулески: Јас сум уверен дека и на 12 ти април, УМС ќе ја направи Македонија перспективен избор за креирање на нашата иднина

Благодарност до Konrad-Adenauer-Stiftung за соработката која ѝ ја пружаат на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Ми преставува вистинска чест и задоволство да ја отворам и посакам успешна работа на престојната политичка Академија, која има за цел, да им овозможи на учесниците стекнување на нови искуства и знаења во креирањето современите политички стратегии, преку функционално користење на социјалните медиуми и дигиталните комуникации, напиша претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

-Современите европски трендови, изразени преку креирање нови концепти на електронска комуникација со јавноста, неизоставно ја наметнуваат потребата од подигнување на нивото на комуникациските вештини кај младите, за брз, ефикасен и јасно профилиран пристап до одредена категорија од македонскиот електорат. Јас сум уверен дека и на 12 ти април, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, со целиот својот интелектуален и човечки капацитет, ќе остане достојна на ептитетот- генератор на силата, младоста, енергијата, но и активен учесник во креирањето на генералните политики кои на младите во земјава ќе им го подигнат животниот стандард, но и Македонија ќе ја направат перспективен избор за креирање на нашата иднина.