петок, 30. јули 2021. Вести денес: 109
home Вести

Јаулески: European Democrat Students со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ пред изборите

Јаулески: European Democrat Students со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ пред изборите

Сакам да се заблагодарам на European Democrat Students за дадената силна поддршка за претстојните предвремени парламентарни избори на 15 јули. Поддршката од ЕДС е јасна порака дека ВМРО – ДПМНЕ и Унијата на млади сили се европски ориентирани организации коишто активно се залагаат за евро-интеграциите на Република Македонија, посочи Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поддршката е уште еден силен показател и на сите веќе им е јасно дека владеењето на Заев и СДСМ е најголемата катастрофа што ѝ се има случено на нашата татковина. Само на овој начин, кога ние младите од Македонија сме сплотени во борбата за подобра и попросперитетна држава и посветла иднина, можеме да го победиме ова зло што надвиснало над Македонија. Поддршката од нашите европски пријатели е голем ветер во грб и мотив да не престанеме со нашата битка, туку напротив, уште посилно да се бориме и да ја обновиме Македонија, истакна тој објавувајќи видео со пораки.

Коронавирус