среда, 2. декември 2020. Вести денес: 11
home Вести

Јаулески до Заев: Резултатите од вложувањето во образованието и политиките за млади на СДСМ се иселувањето на 25.000 млади годишно

Јаулески до Заев: Резултатите од вложувањето во образованието и политиките за млади на СДСМ се иселувањето на 25.000 млади годишно

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, по објавата на Зоран Заев за вложувањата во образованието и во младите, во коментар му порача низа на како што напиша резултати од мерките на владата на СДСМ во кој го спомна и енормното иселување на младите луѓе кои бележат рекорди од 25.000 на годишно ниво.

Тој ги наброја пропустите во политиките за младите во владата на Заев, од иселувањето на младите лекари, нефункционалниот Закон за високо образование, кратењето на буџетот во ставките за високо образование, наменети за реконструкција на студентските домови, како и ветениот Студентски грд кој беше ветен и требаше да почне да се гради во првите 6 месеци од доаѓање на власт на СДСМ.

Ги нагласи исто така блоковите В и Г од студентскиот дом „Гоце Делчев“ кои не се завршени, ниту пак е обезбеден најавениот мебел кој требаше да се набави, храната за студентите во студентските домови не ги задоволува основните потреби, студентите немаат пристојни услови за студирање, како и фактот дека нема еден универзитет од Македонија во првите 1000 на Шангајската листа, напиша Јаулески.

Коронавирус