недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Вести

Јаулески до Каевски: Од вас слушаме само „ЌЕ“, конкретно немате ништо сработено за младите

Јаулески до Каевски: Од вас слушаме само „ЌЕ“, конкретно немате ништо сработено за младите

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески во своето гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа, жестоко ја критикуваше власта поради неостварените ветувања кон младите, ветувања и проекти кои се дел од предизборната програма на СДСМ ,,Планот за живот’’.

Тој истакна дека власта конкретно ништо нема сработено за младите, кои денес живеат полошо од било кога.

-Јас само ќе го потсетам на неколку ветувања на Владата предводена од Зоран Заев, односно од нивната програма, од ,,Планот за живот’’. На страница 224 од планот за живот ветивте, изградба на студентски града со модерни архитектонски решенија, со фитнес центри, со кино сали, со ресторани, со библиотеки, не само што тоа не го гледаме дека се случува во првите шест месеци како што е најавено во програмата. Напротив слушаме од она што го велите, дека Владата најавува, владата може, владата ќе. Конкретно нема ништо сработено. На жалост реновирањето на студентските домови остана само празно слово на хартија, на жалост денес студентите живеат многу полошо, денес студентите наоѓаат лебарки во храната, наоѓаат отпушоци во храната. Топлата вода се исклучува после 12 часот во студенскиот дом Кузман, вели Јаулески.