четврток, 6. август 2020. Вести денес: 174
home Вести

Јаулески: Девијантното однесување на СДММ уште еднаш на дело (ФОТО)

Јаулески: Девијантното однесување на СДММ уште еднаш на дело (ФОТО)

Девијантното однесување на СДММ уште еднаш на дело. Нашите апели и потпишување на Кодекс за фер кампања очигледно остануваат само таму, на хартија и не допираат до нив, порача Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал, никогаш не се научија да бидат младинска организација која ќе ги креира политиките и ќе понуди решенија.

Во текот на изминатите денови туркаат наши банери, лепат плакати пред наши штабови и уништуваат рекламен материјал, за што и имаме и признание од разговорите кои ги добив.

Дечки од СДММ, ништо не останува скриено.

Сакам само да ви порачам дека за ова, според Изборниот законик се казнува со глоба до неколку илјади евра, во зависност од силината на стореното дело.

Ќе бидам фер и ќе ги покријам вашите имиња, но тоа не значи и дека нема да има одговорност„-напиша тој.

Коронавирус