сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 50
home Вести

Јаулески: Да ја предложиш Кацарска како уставен судија е како да вработиш крадец да го чува трезорот на Народна банка

Јаулески: Да ја предложиш Кацарска како уставен судија е како да вработиш крадец да го чува трезорот на Народна банка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, на денешната собраниска седница во врска со точката на дневен ред предлогот Добрила Кацарска за уставен судија, тој истакна дека да се предложи Добрила Кацарска како уставен судија е како да се вработи крадец да го чува трезорот на Народна банка, како и тоа дека таа е синоним на аболицијата на Зоран Заев.

-Го губиме времето на граѓаните наместо да разговараме за реалните проблеми на граѓаните, во услови кога имаме над 47,000 отпуштени луѓе во случаи кога имаме над 40,000 ученици не вклучени во образованиот процес, во услови кога имаме најголема смртност во регионот, за власта најбитно е да ја постави Добрила Кацарска за уставен судија, рече Јаулески на собраниската седница.

-Дискутираме за уставен судија кој е синоним за Зоран Заев и кој истиот го аболицираше, па го предложи за уставен судија оној кој го амнестираше и кој беше соучесник во кршењето на уставниот поредок исто како да вработиш крадец да го чува трезорот на НБРМ или алкохоличар да чува винарска визба, вели Јаулески.
Јаулески вели дека Зоран Заев верува во Кацарска како во Бог затоа што многупати го амнестираше од неговиот криминал, како во случајот „Поркуп“, каде изрече ослободителна пресуда за Заев, а таа има и добар удел во случајот „Рекет“, каде се испраа неколку милиони евра, а никој од власта не одговараше.

Кацарска е џелат и главиот извршител за освета на сите неистомисленици на оваа власт, која суди по нарачка на Заев, суди предмети за кои нема докази, а ги прикрива оние каде докази има, а се блиски до власта -критикуваше Јаулески од говорницата.

Јаулески потенцираше дека најголемиот грев на Кацарска е тоа што осуди невини луѓе на 200 години затвор, врз основа на лажен исказ којшто е менуван неколку пати и ги поздрави уставобранителите, и порача дека неправдите ќе се исправат.

Јаулески порача дека Кацарска не може да го чува уставниот поредок, кога треба да одговара за неговото прекршување.

Коронавирус