вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Вести

Јаулески: 4000 студенти чекаат смештај и за полагање во испитната сесија патуваат секојдневно од своите родни места, одговорност мора да има веднаш

Јаулески: 4000 студенти чекаат смештај и за полагање во испитната сесија патуваат секојдневно од своите родни места, одговорност мора да има веднаш

На младите не им е гајле кој доцни. 4000 студенти чекаат смештај и за полагање во испитната сесија патуваат секојдневно од своите родни места, вели Јован Јаулески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Одговорност мора да има веднаш. И од МОН и од ДСД Скопје. Или надлежните се зафатени со вработување на своите роднини по институции!?, пишува тој на Фејсбук, откако Државниот студентски дом „Скопје“ обвини дека МОН доцни со списоците, а студентите не може да се вселат.