четврток, 6. август 2020. Вести денес: 175
home Вести

Јаревски: Се обврзуваме да ги реализираме сите проекти од програмата Обнова на Македонија (ВИДЕО)

Јаревски: Се обврзуваме да ги реализираме сите проекти од програмата Обнова на Македонија (ВИДЕО)

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски преку видео порака на Фејсбук вели дека пред граѓаните се обврзуваат да ги реализираат сите проекти во програмата Обнова на Македонија.

-Драги Карпошани, драги Скопјани, драги Македонци, ова не се локални избори, но нивните лаги и измами се универзални и на локални и на парламентарни избори. Затоа ова се избори на кои ставаме крај на сите лаги и лажните ветувања кои ги слушаме од нив сиве овие години.
Пред Вас излегуваме со програмата “Обнова на Македонија”. Се обврзуваме на илјада проекти за секого. За работниците, земјоделците, стопанствениците, пензионерите, невработените, младите и возрасните, мажите и жените. За сите оние кои заедно со нас се креваат на нозе, гордо креваат глава и се исправаат.
#Македонија во која ќе има нулта толеранција на корупцијата и криминалот!
Држава во која сите ќе бидеме еднакви пред законот и ќе нема едни кои се пред другите!
#ИсправиСеМакедонијо 🇲🇰
#ОдбериОбнова 🇲🇰
#Заокружи14 🇲🇰, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Драги Карпошани, драги Скопјани, драги Македонци, ова не се локални избори, но нивните лаги и измами се универзални и на…

Posted by Toni Jarevski/Тони Јаревски on Thursday, July 2, 2020

Коронавирус