петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јаревски: Одлуката која што СДСМ сака да ја поништи ќе значи градежен хаос во општина Карпош

Јаревски: Одлуката која што СДСМ сака да ја поништи ќе значи градежен хаос во општина Карпош

На денешната седница на советот на Општина Карпош советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе бара повлекување на првата точка од дневниот ред со која се носи Одлука за укинување на претходната Одлука за усогласување на максимумот на станбени единици за објекти со намена Домување во станбени куќи. Бараме повлекување на оваа точка се до донесувањето на новите ДУП-ви согласно законските нормативи и нивните решенија, истакна Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

-Со овој предлог и поништување на одлуката ќе значи градежен хаос со кој од секоја барака или ниска градба ќе никне зграда со 8 станбени единици. Граѓани на Карпош, доколку не го прифатат нашето барање следи уништување на населбите во Карпош какви што ги знаеме, граѓаните ќе доживеат кошмар, а градежната мафија остварување на својот сон, цели и интереси. По укинувањето на оваа одлука ќе гради кој ќе стигне и каде ќе стигне, а тоа ќе значи и дополнително загаден воздух, намалено и уништено зеленило, повеќе возила, намален притисок на вода, раскопани и пропаднати улици, затнати канализации итн, истакна Јаревски и додаде:

„И зошто сето ова, верувале или не, доколку го погледнете официјалното образложение во предлог одлуката ќе видите дека е наведена причина бидејќи бил намален комодитетот на службите во општината. Одлуката која што СДСМ сака да ја поништи беше донесена со консензус од сите политички партии во претходниот советнички состав на Општина Карпош. Драги сограѓани, Советот и Градоначалникот на Општина Карпош мора да разберат дека ние сме тука сите заедно за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Карпош, а не за подобрување на комодитетот на службите и исполнување на желбите и интересите на градежната мафија“.

Коронавирус