вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 161
home Вести

Јаревски на Фејсбук: Танцувачки ќе завршиме во економска депресија

Јаревски на Фејсбук: Танцувачки ќе завршиме во економска депресија

Ако имате премиер, говорам генерално, кој не ги разбира работите, и ако животната филозофија му е „купи-ден-помини“ (и на секој собир со граѓани сам формира нов буџет), сте го „обрале бостанот“ – Изјави поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев во едно интервју пред некој ден

Гледајќи го вчерашното интервју на Зоран Заев лесно се утврдува на што точно мислел Гошев при изјавата.
Во моменти кога граѓаните се во страв од вирусот затворени дома во грч пред своите ТВ очекувајќи да слушнат барем една позитивна вест што ќе влее надеж, во ситуации кога и оние малкумина вработени што сеуште одат на работа немо седат покрај телефоните што не ѕвонат, кога сопствениците незнаат како крај со крај да врзат да го преживеат месецот, ние слушаме за лекции по танцување.

Иако најголемиот дел од граѓаните и бизнис заедницата гледаат на Заев како политичар во заминување заедно со неговите погубни политики, треба да бидеме сите свесни дека вакви јавни настапи и изјави имаат тежина и можат да предизвикаат сериозни консеквенци, ваквите настапи не влеваат ниту сигурност ниту надеж.

За каква сигурност на граѓаните и бизнисот станува збор кога целиот развиен свет недвосмислено укажува дека единствен начин да се победи вирусот е тестирај, тестирај, тестирај, бившиов Премиер тврди 10 мин во интервјуто дека нема потреба од масвно тестирање, си го има тој алгоритмот на Венко, ние знаеме да танцуваме со мерки и институции и така танцувајќи ќе му докажеме на светот дека сме најпаметни а и дека развиените земји всушност незнаат што прават.

За каква сигурност можеме да дискутираме кога се воведуваат рестриктивни мерки за движење, забрани за работа, без пропратна анализа на какви импликации ќе предизвикаат, без ниту една олеснителна мерка при спроведувањето на рестриктивните мерки и потоа безчувствително пред јавноста да изјавиш, тоа е, товарот за Март фирмите ќе мора да го понесат на свој грб.

Каква сигурност ќе имаат странските кредитори во услови кога Министерот за финансии, бившиот вице Премиер и Премиер неможат цела недела да се решат дали во Буџетот имаме недостаток од 700М евра, 1,3 или 2,1 милијарди евра? Дали знаеме колку штета нанесуваат вакви неумесни, некоординирани и несериозни изјави? Дали знаеме колку ќе не чинат овие изјави?
Каква сигурност да имаме во изјавите дека тие спроведуваат мерки и ги обезбедуваат работните места кога знаеме дека во реалноста во истиот момент се отпуштаат дури и програмерите кои беа најбарани и најплатени на пазарот на труд.

Каква сигурност да имаме од спроведувањето на мерките во услови кога тврди дека има сигурно мнозинство во Владата, но притоа предлог мерките што тој заедно со функционерите во партија ги утврдиле дека ќе ја решат кризата, истите тие функционери и министри кога ги добиле предлог мерките имале спротивно мислење на своето додека ги оформувале мерките.

По таа логика која е сигурноста дека нема да се предомислат и воопшто да не ги спроведат мерките.
Која сигурност да ја имаме на неговите изјави дека мерките се изготвени заедно со стопанските комори кога стопанските комори официјално изјавуваат дека мерките се недоволни и што е најстрашно задоцнети.

Која сигурност треба да ја имаме дека кризата ќе се реши со овие мерки што ќе ги спроведеме за два месеци кога во истата реченица се потенцира дека можеби ќе треба да танцуваме со короната до Август ама за тоа и за други мерки ќе му ја мислиме понатаму.

Каква сигурност се влева кога на две одлични спроведливи и ефикасни предлог мерки за користење на паричните средства од вториот пензиски фонд и претварањето на благајничките записи во државни обврзници се отфрлаат бидејќи доаѓале како предлог од опозицијата, односно ете нека стоеле како последна можност. Ниту користењето на средствата од фондот ги загрозува идните пензии, ниту пак претварањето на записите претставуваат ризик или загрозување на банките, а и двете мерки ги решаваат најголем број од дилемите за време на кризата.

Нема никаква сигурност туку само доминантно чувство кај сите дека вака танцувајќи, танчерот ќе не однесе директно во секцијата на економска депресија.

Да не набројувам понатаму, а вака постот е голем и долг но иритацијата од интервјуто ми беше уште поголема па се решив да ги споделам мислите со Вас тука. Едноставно јас вчера во Заев не видов личност што влева доверба и сигурност, напротив, тоа интервју е основа за креирање паника. Добро е што вечер во истиот термин ќе гостува проф. Д-р Христијан Мицкоски. Добро е што ќе имаме можност да направиме разлика. Добро е што ќе можеме да видиме и слушнеме лидер кој знае како да се соочи и справи со предизвикот.

Фејсбук статус на Тони Јаревски од ВМРО-ПДМНЕ

Коронавирус