среда, 8. јули 2020. Вести денес: 260
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

Јаревски: Како може некој да се дрзне да посочи со прст кон власта и да каже досега ништо не направија, па сега очекувате нешто од нив?

Јаревски: Како може некој да се дрзне да посочи со прст кон власта и да каже досега ништо не направија, па сега очекувате нешто од нив?

Како може некој да се дрзне да посочи со прст кон власта и да каже досега ништо не направија, па сега очекувате нешто од нив?, ова денеска преку статус на Фејсбук го прашува Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош.

-Па тие успејаа да потрошат 25% од планираниот целогодишен буџетски дефицит за само 2 месеци. И тоа пред избори!
Успејаа со време да набават и поделат и компир и зејтин, и тоа во последна минута, техничкиот Премиер на СДС само што ја даде последната вреќа, во Куманово букна вирусот.
Успејаа да им ги заштитат портфолијата и пласманите на банкарите, Вие сте се фатиле за некој месец екстра камата што ќе треба да платите.
И олигарсите се задоволни еве си “побараа” нели тие “самите” зголемена акциза, госпоѓата од Групер ќе го реализира барањето уште пред да се освестиме и сфатиме зошто каква и што воопшто полза ќе се има од тоа.
Тие сеуште блескаат но народот е крив што тоа неможе да го види. Исто како оној неспособен медицински персонал што незнае како да се облече, соблече. Најверојатно затоа болниците и немаат доволно маски ракавици. Доколку НЕ размислуваме, во “право” им е оној нивнион Караџоски! Па зошто Заев и Филипче би се мачеле редовно да ги снабдуваат со потребните маски ракавици, визири и незнам што кога овие голораки досега се борат со пандемијата. Незнаат да ги користат како прво, како второ опозицијата гарант ќе обезбеди уште некоја хуманитарна помош однадвор, а ако и тоа не е доволно ете има групи на фб, доволно е само јавноста да ги види докторите очајни како молат и волонтерите им ги прават и доставуваат неопходните работи.
Исто или слично е и во другите сектори.
МФ предвидува дека е можно до крајот на годината да има и до 40% помали приходи но за ребаланс сеуште е рано да збориме.
Ете некое евро се успеа да се обезбеди од ММФ, и нема потреба да ја замараме јавноста со тоа дали има план и сценарио за задолжување, со која цел, дали се дефинирани и предвидени ризици. Некој и да праша ќе си одговориме ноншалантно согласно Законот за јавен долг и финансирање на дефицит и ќе си бркаме работа. И вака и онака транспарентно задолжување и сл. се само фрази на ревизорите кои секако не ги есапиме. Нека бидат среќни што им назначивме Директор и што воопшто земаат плата.
И така додека сите седат дома затворени барајќи одговор за Венко “Што се случи во Куманово? “, се плашам дека веќе се наѕираат контурите на следната енигма: Што се случи со економијата и државата?, прашува преку статус на Фејсбук Јаревски.

Како може некој да се дрзне да посочи со прст кон власта и да каже досега ништо не направија, па сега очекувате нешто од…

Gepostet von Toni Jarevski am Sonntag, 12. April 2020

 

Парламентарни избори 2020