петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јаревски: Каде и како ли само СДСМ определија локација за 100 нови згради во Карпош?

Јаревски: Каде и како ли само СДСМ определија локација за 100 нови згради во Карпош?

Од Шарениот СДСМ во Карпош останаа само шарени лаги и сурова реалност. Пред една година СДСМ тврдеа дека изготвија буџет кој ќе ги реши проблемите, а денес сме соочени со констатација дека проблемите останаа, а се создадоа и нови уште посложени, ниту знаат како со приходите, ниту како со расходите, ниту пак знаат како да се справат со финансиите. И со овој ребаланс, буџетот на Карпош нема никакви допирни точки со реалноста. Се лажат себеси, а ги лажат и граѓаните, истакна Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

-За илустрација на забеганата состојба, посочуваме на фактот што ребалансот и буџетот се темелат на приходите од комуналиите. СДСМ со овој ребаланс не уверува дека до крајот на 2018 година општина Карпош, по основ на комуналии, ќе обезбеди приход во износ од 898.700.000 денари или приближно 15 милиони евра. Тоа значи дека општината планира да издаде градежни дозволи за 168.000 метри квадратни станбен и деловен простор или за 100 нови згради. 100 нови згради!, подвлече Јаревски и додаде:

„Каде и како ли само определија локација за 100 нови згради во Карпош?

За конфузијата да биде целосна и покрај огромниот очекуван приход општина Карпош со ребалансот одлучи да штеди на изградба на улици, патишта, паркови, паркинзи и екскурзии за учениците.

  • Се кратат 30 милиони денари од средствата наменети за реконструкција на улица и патишта.
  • Се кратат 30 милиони и од средствата наменети паркинзи.
  • Се кратат 30% и од средствата за зеленило во Карпош.
  • Се кратат и средствата за екскурзии за учениците од училиштата.

Ваков предлог ребаланс на буџет жителите во Карпош не заслужуваат? Ваков предлог ребаланс ние нема да поддржиме“.

Коронавирус