петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јаревски: Излези, гласај, смени го името и ќе имате бесплатни здравствени услуги низ цела Европа! – така тврдеше СДС

Јаревски: Излези, гласај, смени го името и ќе имате бесплатни здравствени услуги низ цела Европа! – така тврдеше СДС

Тони Јаревски на од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус поврзан со ветувањата на СДСМ.

-Излези, гласај, смени го името и ќе имате бесплатни здравствени услуги низ цела Европа! – така тврдеа СДС во кампањата за референдумот, со спотови со билборди со фанфари со се..
Мнозинството граѓани не поверуваа, најмалку па јас. Им верував исто колку што верував во просечна плата од 500 евра и слоганот од еден друг блескав период на СДС, во транзицијата, за по еден вработен во секое семејство.
Слични интриги Заев си прави и со Министерството за финансии. Откако Антикорупциска му ја расипа првичната негова замисла за тој да биде и Премиер и Министер за финансии, си ја назначи госпоѓата од Групер слепо да прати и потпишува.
Оправдана е дилемата во јавноста дали приоритет на Владата е справување или поважно превенирање на економските последици од кризава или исплата на средства за СЈО и печатење на нови пари со нивната придавка на Македонија. Кажаа ли колку ќе не чини печатењето на новите пари во ова време невреме? 2,5 Милиони евра пари ли се ? Којзнае можеби некоја соседна држава гратис ќе ни ги отпечати.
Доколку смогнат сили да ја погледнат реалноста ќе видат дека 1 од 5 вработени изјавил дека добил отказ или чувствува загрозеност за своето работно место. Тоа се, грубо, околу 160 000 работници, а Заев и СДС се однесуваат како мува да не ги лази. Тие донеле мерки па имаме секојдневни лицитации од Владата колку граѓани и фирми ќе имале бенефит од мерките. Тоа што директно засегнатите јавно укажуваат на Владата дека вака, како што се замислени мерките на владата, тие се несоодветни, нецелосни и неразбирливи; Тоа е друга реалност.
Комората на туристички работници и угостители можеби беа похрабри (или најочајни) и го изразија нивниот револт, па известија дека биле приморани да отпуштат 16.000 вработени, и дека состојбата е толку драматична што води кон отпуштање на сите 29.000 вработени во секторот.
Претседателот на Стопанските комори вели дека овој револт од состојбата важи и за многу други дејности во стопанството. За жал.
Во делотворноста на нивниве мерки граѓаните и бизнисот не веруваат. Владата ја има исто како да ја нема. Сите се чувствуваат оставени сами на себе. Како што велат угостителите: “Свесни сме дека подобри мерки нема да имаме”. Толку можат и толку знаат.
Немаат слух ниту за граѓаните, ниту за бизнисот и фирмите, најмалку пак за предлозите од опозицијата.
Затоа драги пријатели, непријатели, браќа, сестри, комшии, познаници и непознати,
Затоа #СедетеДома, одржувајте социјална дистанца, одржувајте максимална хигиена, чувајте се, и грижете се за Вашите најблиски. Издржавме досега, ќе ја издржиме и кризава со вирусов. Колку повеќе внимаваме толку побрзо ќе се справиме со вирусот. Колку побрзо расчистиме со Короната толку поскоро ќе имаме можност да расчистиме и со оваа власт, стои во постот на Јаревски.

Излези, гласај, смени го името и ќе имате бесплатни здравствени услуги низ цела Европа! – така тврдеа СДС во кампањата…

Gepostet von Toni Jarevski am Mittwoch, 8. April 2020

 

Коронавирус