четврток, 4. март 2021. Вести денес: 174
home Вести

Јаревски: Дали со Одлуката за прогласување на заштитено подрачје на дел од Водно аристократијата на СДСМ си добива поклон градежни парцели?

Јаревски: Дали со Одлуката за прогласување на заштитено подрачје на дел од Водно аристократијата на СДСМ си добива поклон градежни парцели?

Дали со Одлуката за прогласување на заштитено подрачје на дел од Водно аристократијата на СДСМ си добива поклон градежни парцели за градба?, прашува Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

– На страна нивното ниво на неписменост во поканата, тоа е мотив за цело едно истражување сегашниве властодржци дали и колку гледаат што пишуваат, потпишуваат и објавуваат!
Исклучително важно е да се пријават и да земат учество во расправата што е можно повеќе заинтересирани што добро ја познаваат оваа област.
Шпекулациите за малверзациите околу изработката на новиот ГУП укажуваа дека ќе следи токму оваа Одлука! За да нема дилеми и недоразбирања добро е да се земе учество за да се изнудат одговори на неколку прашања кои особено ги засегаат жителите на Карпош.
Дали со носењето на оваа Одлука ќе се остварат најголемите стравови и кошмари на екологистите и особено на жителите на Трнодол, Нерези и Жданец?
Дали со ова заштитено подрачје всушност се подига повисоко границата на Парк шумата Водно?
Дали со оваа Одлука новиот ГУП на Шилегов и следствено ДУП на Богоев ќе ги претвори нивите на таткото на Нина Групер над Трнодол во градежно земјиште?
Дали со тоа тие неколку илјади м2 ниви во истиот миг од сегашните 20 ќе вредат 300 евра по квадрат? Дали Нина Групер ќе си наследи милиони со оваа одлука?
Дали колку и кои други функционери и истакнати членови на СДСМ имаат купено ниви изминативе 3 години во појасот кадешто е подигната границата на шумата?
Дали Одлуката конечно ќе предвиди казни за Паркови и за Град Скопје (нивниот основач) за неспроведување на одгледни мерки за заштита на шумата на Водно?

Прашања има и други, шпекулации и стравови уште повеќе. Затоа апелирам за масовно учество на расправата и целосно разобличување на нивните лукритивни намери!, пишува Јаревски на Фејсбук.

Коронавирус