недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јаревски: Богоев и Шилегов наместо ветените паркови, прават еколошки бомби за граѓаните

Јаревски: Богоев и Шилегов наместо ветените паркови, прават еколошки бомби за граѓаните

Во еден дел од Карпош 4 надлежните ветуваа парк, ама сега добивме „канцер парк“ така го нарекуваат жителите, тоа е заштитна зона во бунарското подрачје и за важноста има многу регулативи. Но, сега градоначалниците Шилегов и Богоев фрлија еколошка бомба до бунарското подрачје, рече Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Што не јасно“ што се емитува на телевизија Алфа.

Јаревски презентираше документи за тоа подрачје објаснувајќи дека ако таму има ѓубре тоа треба да се одвезе, а не да се донесе таму.

„Таму е јасно дефинирано што може да има таму, а таму се остава секаков отпад. Имавме информации дека дел од бараките од Клинички центар и шутот во кој имаше азбест е оставен таму. Ние реагиравме, но имаше молк“, рече Јаревски.

Тој објасни дека до општината се доставени сите документи, но никој не реагира.

„Ризикот од контаминација на подрачјето е голем, и на подолг рок ќе има последици“, кажа Јаревски.

Коронавирус