петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 8
home Вести

Јанушев: Заев заминува, а Македонија почнува да се обновува

Јанушев: Заев заминува, а Македонија почнува да се обновува

Денеска сме во Свети Николе разговорите за „Обнова на Македонија“ продолжуваат. Имаме огромна посета од страна на Светиниколчани дојдени овде да поразговараат, да си ги кажат маките и проблемите кои што ги имаат во секојдневниот живот, рече на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игро Јанушев.

-Она што ни се повторува што е веќе видена глетка во сите градови во Република Македонија, се случува и овде. Нема буквално нити едно реализирано ветување. На лагите и на криминалот буквално им нема крај. Ветената гасификација на Свети Николе онака како што е затекната така е и во овој момент, иако беше ветено дека истата ќе заврши во 2019-та година. Изградбата на спортската сала во училиштето „Кочо Рацин“, градинките, пензионерскиот дом и се она што е останато, базенот што беше ветувано значи воопшто не е ни започнато со реализација. Меѓутоа како што многу пати сме кажале до сега, воопшто и не сме изненадени од таквиот пристап бидејќи станува збор за убедливо најнеспособната власт. Една власт која што владее на исклучиво еден криминално рекетарски начин. Она што го гледаме на државно ниво особено во последниов период во она што го прават со набавката на хеликоптерите, 72 милиони евра кои што се обидуваат да ги испумпаат од државниот буџет на еден криминален начин. Вчерашната хаварија и незаинтересираноста на власта во случувањата со „Охис“ е можеби најдобар пример за како криминално рекетарската власт на Заев ги едноставно третира граѓаните на Република Македонија, истакна Јанушев.

Она што имаат да го порачаат граѓаните на Свети Николе е дека Заев заминува, а Македонија почнува да се обновува. Наша обврска како ВМРО-ДПМНЕ, се она што денес го слушаме во Свети Николе како проблем, како идеја, како план за како понатаму да го преточиме во нашата изборна програма за претстојните парламентарни избори на 12-ти април, додава тој.