среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 6
home Вести

Јанушев: Заев вчера кажа-излажа дека доколку нема датум Владата ќе падне

Јанушев: Заев вчера кажа-излажа дека доколку нема датум Владата ќе падне

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вели дека Заев вчера кажа-излажа дека доколку нема датум Владата ќе падне.

-Но, сепак неговите сопартијци за медиумите изјавија дека Заев блефирал и изјавата била за да направи притисок врз Франција и Макрон!

Колку е несериозно, партијата да си го демантира и дообјаснува својот лидер, зошто Заев дава несреќни изјави.

Која пародија!?! Кое фијаско!?!
Ова народски кажано се вика “отвори се земјо, голтни ме”!

И додека европските политичари ни порачуваат дека процесот на пристапување во ЕУ е целосно врз основа на заслуги и фокусот треба да биде на реформите кои треба да се направат, од криминално-рекетарскта банда на Заев, Шеќеринска и останатите се обидуваат одговорноста да ја лоцираат секаде (надвор и дома), освен кај самите себе.

Не е за “џабе” кажано дека првиот чекор за надминување на проблемот е да признаеш дека имаш проблем, пишува Јанушев на Фејсбук.