сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Вести

Јанушев: Заев се плаши од соочување со народот, а се плаши зошто знае дека ќе изгуби

Јанушев: Заев се плаши од соочување со народот, а се плаши зошто знае дека ќе изгуби

Зоран Заев и СДСМ се против предвремени избори, а најрано според нив може да бидат во октомври 2020 година. Исто така, за избори ќе зборувале откако ќе завршел НАТО самитот во декември оваа година во Лондон од причина што евентуалните избори и разговори да не го нарушат овој процес, коментира генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Неговиот Фејсбук статус следува во продолжение: 

Прво, Зоран Заев се плаши од соочување со народот, а се плаши зошто знае дека ќе изгуби, а ќе изгуби зошто државата тоне во криминал, неправди и понижувања приредени од кастата на власт!

Второ, бидејќи се Парламентарни избори, а согласно Закон, мора да има техничка влада 100 дена пред одржувањето на изборите.
Значи, утре да се формира техничката влада изборите најрано би се одржале на 15 декември!

За делот каде Заев и криминално-рекетарската банда на СДСМ зборува во насока да се дадело шанса на економските мерки што се преземаат, за да им се даде време и да се почувствуваат резултатите – нема потреба од било каков коментар.
Само еден збор е доволен – НЕСПОСОБНИ!

Ако сте толку убедени дека имате барем теоретска шанса да победите – бујрум на избори – сега, веднаш!

П.С. – а, да се кладиме дека ќе има предвремени избори? М?