понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 128
home Вести

Јанушев: Заев и СДСМ на криминален начин носат закони во Собрание

Јанушев: Заев и СДСМ на криминален начин носат закони во Собрание

Продолжуваме со посетите, денес овде во Кочанско ги посетивме населените места Горни и Долни Подлог, сега се наоѓаме во Оризари. Разговараме со луѓето и морам да ја пренесам горчината пред се во однос на последните случувања коишто ги имавме во Собранието на Република Македонија, оваа криминално-рекетарска банда предводена од Заев и СДСМ продолжува со еден крајно криминален, со еден крајно нечесен начин, со насилнички начин на донесување на законите во Собранието, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, народот тоа го гледа и им ја праќа пораката дека гледа по своето, доаѓа по своето на 12-ти април, кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе издвојува убедлива победа. И тоа не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа го порачува, тоа е затоа што граѓаните го гледаат ова, што се случува во државата, граѓаните знаат да го проценат тоа и граѓаните ќе ја дадат довербата на нас, рече Јанушев и додаде:

„Граѓаните ќе ја дадат довербата затоа што во нашата програма ветуваме реални работи, ветуваме зголемување на пензиите за 20 отсто, ветуваме зголемување на платите за 25 проценти, но и намалување на невработеноста под 10 %. Во Македонија доаѓа обновата, 12-ти април е денот кога народот доаѓа по своето“.

Коронавирус