недела, 27. септември 2020. Вести денес: 29
home Вести

Јанушев за Водици во Штип: ВМРО-ДПМНЕ бара парламентарни предвремени избори

Јанушев за Водици во Штип: ВМРО-ДПМНЕ бара парламентарни предвремени избори

Би сакал на сите верници од православна вероисповед да им го честитам големиот празник Водици да посакам многу пред се  здравје, успех, благосостојба за граѓаните на Република Македонија, нормално доколку сакаме да дојде до тоа уште еднаш би апелирал дека е време да излеземе заедно со претседателските и на предвремени парламентарни избори, истакна денес Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

За денешниот празник тој беше во Штип.

-Сакам уште еднаш само да го честитам големиот празник и уште еднаш да посакам благосостојба за граѓаните на Република Македонија и пред се бидејќи сме денеска овде  во Штип да посакам нели истото и за граѓаните на општина Штип, рече тој.

Јанушев одговори и на новинарско прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе бара предвремени парламентарни избори?

-ВМРО-ДПМНЕ бара парламентарни предвремени избори и не само што бараме туку и инсистираме на истите. Впрочем  ако ги видиме изјавите на власта и доколку навистина сакаат да имаме економска година во 2019, единствено што може некој да го овозможи тоа е токму ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа инсистираме на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и тоа што е можно побрзо да се објави, бидејќи доколку до 21 јануари го распуштиме Собранието, тогаш има време да се организираат заедно со претседателските, порача Јанушев.

Коронавирус