недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: За ВМРО-ДПМНЕ критиката е добредојдена за да можеме позитивно да се движиме напред

Јанушев: За ВМРО-ДПМНЕ критиката е добредојдена за да можеме позитивно да се движиме напред

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија и истовремено беше поканет заедно со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој не се појави во емисијата. Запрашан дали постои слобода на медиумите и лажни вести во предизборието, Јанушев рече дека во последните неколку години јавноста гледа огромна канонада на лажни вести, а од друга страна иронично, Владата се обидува преку цензура да се бори со лажните вести.

-Истите оние кои се обидуваат да ги укинат лажните вести се оние кои ги пласираат. Она што е навистина потребно е да се подигне на повисоко ниво начинот на делување буквално на сите чинители во оваа дејност. Лажни вести според мене се она што се и дел од влијателните дали медиуми, дали генератори на вести, што преферираат само одредена политичка опција, одреден политичар или вест без притоа објективно да не се пренесе и другата страна. Лажна вест или нецелосно прикажување на вистината е кога имаме секако и малициозни настапи на дел од луѓето. Без разлика дали си се допаѓаме или не, во секој сегмент на работење професионалноста мораме да ја задржиме, рече Јанушев.

Тој изјави дека на крај на денот, критиката е секогаш добредојдена доколку е упатена на вистинското место и на вистинската личност и доколку таа личност може да помогне да не се направат грешки и да не се спроведат погрешни политики.

ВМРО-ДПМНЕ, според Јанушев, моментално генерира идеи за да ги преточи во програмата и не пати да излезе и да ги праша останатите да го кажат и тие нивното мислење. Јанушев рече дека критиката е добредојдена, доколку може да се извлече нешто позитивно од неа за да се движи партијата напред.