среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: За три години владеење на СДСМ нема ни „Д“ од демократија

Јанушев: За три години владеење на СДСМ нема ни „Д“ од демократија

„Д“ од демократија нема во овој перидо од три години на владеење на СДСМ. Три години апсолутна власт на СДСМ има само криминал и афери, дали е демократија Кеш, Рекет 1, Рекет 2 и Рекет 3, не мислите дека треба да дадете одговори во врска со низата прашања, му укажа Игор јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на Дамјан Манчесвки, потпретседател на СДСМ на дебатата на Телевизија 24.

-Од друга страна има напади на новинари, апсолутно непочитување на администрацијата, луѓе се преместуваат на работни места на 100 до 150 километри од место на живеење, зборувавте за чист воздух….нема ништо од тоа што ветувавте, рече Јанушев.

Генералниот секреат укажа дека во последниве години има само иселување на млади. Или како што укажаако претходно ислеленоста била меѓу 25 и 17 илјади, во последниве неколку години е зголемена на 33, 5 илјади иселеноста.

-Имаме ситуација каде претседателот на државата излегува јавно и кажува „да не бев претседател и ќе се иселев“, па нека поднесе оставка и нека си оди, рече Јанушев.