вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: За што станува збор кога докторот Филипче протестира против министерот Филипче? Неспособни!

Јанушев: За што станува збор кога докторот Филипче протестира против министерот Филипче? Неспособни!

Ранет лекар на работно место, претепан доктор во ходник во болница, нападнат медицински персонал, хорор услови за работа, разрушени болници, хаос во кој освен по здравјето, се удира по човечкото достоинство … и ова не е Калкута, Индија, ова е Македонија во 2019 година и речиси секојдневие на здравствените работници, кои се децидни дека станува збор за комплексен проблем на кој не се обрнува внимание со години и затоа ескалира, а здравствениот систем е блиску до крахот, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Неговиот статус го пренесуваме во продолжение:

Здравствените работници доставија пет барања до министерството и надлежните – носење на закон за докторска дејност, законски измени со кои би се изедначил нападот врз медицинско лице со оној врз службено лице, полициско обезбедување во здравствените установи, креирање на систем за контрола на медицинските работници и вклучување на лекарите во носењето на политиките во здравството.

Е сега, за да биде иронијата поголема и да не помине ден без скандал се погрижи криминално-рекетарската банда на власт.

Имено, министерот Филипче изјавува:

“Моето присуство тука е поддршка. Во смисла на тоа дека треба да се преземат сериозни процеси кои што до сега не беа преземени, за да се врати дигнитетот на здравствените работници, да имаат пациентите поголема доверба во лекарите”.

Значи најодговорниот и најповиканиот, и всушност оној кон кого се упатени барањата и од кого се очекува да ги решава проблемите на здравствените работници изјавува дека “треба да се преземат сериозни процеси”!?!

Не сум стручен, затоа еве јавно ќе повикам некој кој е, да објасни пред целата Македонска јавност за што станува збор кога докторот Филипче протестира против министерот Филипче???

Неспособни!!!