понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 67
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јанушев за лидерската средба: Сите лидери на политичките партии освен Заев имаа ист став, тој нема искрени намери

Јанушев за лидерската средба: Сите лидери на политичките партии освен Заев имаа ист став, тој нема искрени намери

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето гостување на телевизија Стар потенцираше дека Зоран Заев и СДСМ зад завесата играат на ниски стасти и немаат искрени намери. Во однос на притисоците од страна на СДСМ за брзи таканаречени корона избори на 21 јуни тој посочи дека сите лидери на политичките партии имале унисон став по завршувањето на лидерската средба, а тоа е дека здравјето на граѓаните е на прво место, само за Заев поважни биле изборите, нешто кое го увиде и целата македонска јавност.

-Taму се дефакто присутни 6/7 политички лидери, политички партии, најрелевантните да кажам политички чинители во Република Македонија и преку дел од нив се претставени и останатите партии, бидејќи нели знаеме дека имаме и коалиции. Но она што веќе имаше можност да го види целокупната јавност во државата сите со исклучок на еден човек, сите останати се всушност повеќе или помалце на едно стојалиште. Впрочем не бараме да се верува на само она што ние го кажуваме и да се земе како апсолутна вистина дека е така. Впрочем треба само да се погледнат изјавите на лидерите на политичките партии после двете лидерски средби кои што се одржаа. И после првата средба и после втората средба, сите останати освен Заев имаа еден настап со она што е договорено. Само изјавите на Заев одвојуваат од сите останати. И мислам дека тоа за граѓаните на Република Македонија е доволен показател кој ја говори вистината и кој има искрени намери, а кој се обидува позади завесата да игра на ниски страсти.

Коронавирус