вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Во следниот четиригодишен мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да реализира нешто повеќе од 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции

Јанушев: Во следниот четиригодишен мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да реализира нешто повеќе од 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2 во своето утринско гостување зборуваше за тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе направи по преземањата на власта по 15 јули каде посочи дека во наредниот 4 годишен мандат следува инвестиции од 4 милијарди евра странски и домашни инвестиции или по милијарда во годината. Јанушев рече дека доколку се погледне програмата „Обнова“ и се види кои се проекти се планирани воопшто не е неизводливо туку напротив тој мисли дека ќе успеат и нешто повеќе од тоа.

Јанушев во своето гостување посочи дека при изработка на програмата е земено во обзир и здравстената криза која се случува насекаде во светот.

-Ако се сеќавате добро програмата која што беше планирана да се презентира пред изборите кои беа закажани за 12 Април е различна од таа програма која ја имаме сега бидејќи периодот после одложувањето на изборите па се до 15 јули го потрошивме целиот тој период да се ревидира програмата пред да ја објавиме односно да ја адаптираме на новонастаната ситуација. Затоа во сите јавни настапи кажувавме дека она што е дадено во оваа Проект „Обнова“ дека стоиме позади тоа дека ќе го реализираме, истакна Јанушев.

Коронавирус