четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев во посета на Свети Николе

Јанушев во посета на Свети Николе

Денеска тим на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од Генералниот секретар на партијата, Игор  Јанушев, беше во посета на повеќе населени места во Општина Свети Николе.

Јанушев ги посети населените места Ерџелија, Мустафино и Пеширово каде граѓаните  пожалија на лошите економски политики кои ги спроведуваат владата на СДСМ и Зоран Заев, потенцирајќи дека полошо никогаш не се живеело.

Тие се револтирани на власта и разочарани бидејќи нивните места се испустуваат, се празнат.  Нема никакви проекти на власта, нема нови работни места, ниту иднина за младите.

На средбата неминовно беше и споменување на криминалот кои што го прави СДСМ и Заев, додавајќи дека додека тие се богатат, нивните деца се помасовно си заминуваат од Република Македонија бидејќи власта не направила ништо за да ги задржи во државата.

Тие велат дека стануваат се посиромашни, а со зголемените трошоци за живот едвај врзуваат крај со крај. Нивите остануваат празни, нема кој да ги обработува, нема од што да се живее. Затоа надеж гледаат во заминување на СДСМ од власт, за како што велат да дојдат подобри времиња во нивните домови.