понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 181
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Јанушев: Во овој момент има рекордно најголема задолженост- државата се враќа неколку чекори наназад

Јанушев: Во овој момент има рекордно најголема задолженост- државата се враќа неколку чекори наназад

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во гостувањето на 1ТВ зборуваше за економијата каде посочи дека ВМРО-ДПМНЕ води реална политика со реални согледувања на работите и со реални ветувања кон граѓаните. 

Toj притоа кажа дека во овој момент има рекордно најголема задолженост, додека платите, БДП и потрошувачката кошница одат во надолен правец. Според него државата повеќе не стагнира, туку се враќа неколку чекори наназад.

-Немаме зголемување ниту на пензиите ниту на било кои други сегменти ако вака детално ги погледнеме. Не само што имаме намалување и стагнација имаме одлив на странските инвестиции. Сето ова зборува за неспособноста на СДСМ. Така да економските показатели јасно се гледаат врз основа на бројките кои се објавени. Исто така имаме најголем пад во Европа во однос на листата на корумпираност. Го делиме стабилното 112 место, вели Јанушев.

Коронавирус