сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 19
home Вести

Јанушев во Делчево: Ги слушаме проблемите и земаме обврска како ВМРО-ДПМНЕ да понудиме решенија за истите во изборната програма

Јанушев во Делчево: Ги слушаме проблемите и земаме обврска како ВМРО-ДПМНЕ да понудиме решенија за истите во изборната програма

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денес е во посета на Делчево, каде продолжуваат разговорите за „Обнова на Македонија“.

-Имавме прилика да поразговараме со граѓаните на Делчево и делчевско, да слушнеме кои се нивните проблеми и како гледаат на целата политичка ситуација во Република Македонија. Меѓутоа и да предложат што е она во иднина што треба да се случува, што е она што треба да биде иднината на државата и на сите оние кои што живееме овде.  За жал морам да констатирам дека сето она што го гледаме се случува во целата држава, се случува и во Делчево. Еден од најголемите проблеми, иселувањето на младите особено последните неколку години  откога дојде овој „живот за сите“, што всушност не е живот, туку е една голгота, гола борба за опстанок. Ги слушаме проблемите и секако земаме обврска како ВМРО-ДПМНЕ да понудиме решенија за истите во изборната програма со која што ќе излеземе пред вас граѓаните на 12-ти април, сигурен сум дека ќе ни ја дадете вашата поддршка и доверба и дека работите ќе почнеме од корен да ги менуваме после 12-ти април со формирањето на новата Влада од ВМРО-ДПМНЕ, истакна тој.

Граѓаните со Јанушев ги споделиле своите проблеми и потенцирале дека Владата нема слух.

– Она што како што кажав го гледаме во целата држава, можеме и овде во Делчево, покрај проблемот со иселувањето на младите е еден добар пример, бидејќи веќе неколку пати во изминатиот период се обидуваме како партија во Собранието на Република Македонија преку амандмани во буџетот да обезбедиме средства за изградба на патот Кочани-Делчево меѓутоа слух од страна на Владата нема. Нема поради тоа што единственото што знаат да го прават е криминалот, корупцијата, непотизмот да функционираат, односно делуваат на едно криминално рекетарски начин, тоа е единствениот начин што го знаат. Немаат една шајка заковано, немаат буквално ништо направено во овие речиси три години, единствената фабрика која што ја отворија е фабриката за лаги која што се наоѓа на Илинденска. Секојдневно гледаме само лаги и манипулации и ништо повеќе, затоа време е да им кажеме дека е доста и да ги пратиме во политичката историја. И тоа во политичката историја на онаа црната страна и никогаш повеќе во државава да не дозволиме да имаме едно вакво убедливо најнеуспешно владеење од страна на Владата. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе ја понудиме нашата изборна програма ќе излеземе пред вас граѓаните на 12-ти април. Сигурни сме во огромната победа која што ќе ја имаме. Ќе ја формираме Владата и ќе почнеме со обновата на Македонија, порача Јанушев.