среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 2
home Вести

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот секојдневно ќе биде на улиците низ Република Македонија

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот секојдневно ќе биде на улиците низ Република Македонија

Во вечерашното издание на дебатната емисија “24 анализа” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”, Игор Јанушев кој се осврна на штетните политики на власта, како и на моменталните политички случувања во однос на договорот со Република Бугарија.

Јанушев вели дека ВМРО-ДПМНЕ е сплотено и заедно со народот ќе се бори против ова зло наречено СДСМ и Зоран Заев. Распродажбата не смее да продолжи, а доколку некој посегне по нешто такво, ќе мора да одговара пред законот и да се соочи со народот. Според Јанушев, СДСМ на наредните избори кога тие и да се случат, ќе доживее дебакл каков што не памети никој во политичката историја на Македонија.

“Ќе бидеме секојдневно на улиците. Заедно со граѓаните ќе се бориме против Зоран Заев се додека не поднесе оставка. Борбата ќе се води и внатре во Собранието на Република Македонија, но и надвор на улиците. Македонскиот народ е на нозе низ сите градови во Македонија и тоа укажува на фактот дека на Заев му се одбројани деновите. Кругот ќе се стесни и тој ќе мора да поднесе оставка. Нема друг излез”, додаде Јанушев.

Протестите ќе се интензивираат се повеќе и повеќе. Секојдневно бројот ќе се зголемува и притисокот ќе расте. Поради тоа што Зоран Заев е решен да распродава се што ќе му се побара, тој ќе мора сепак да се соочи со народот и да побара од нив поддршка која несомнено нема да ја добие. За таквите недржавнички ставови следува казна. Казната прво ќе се случи на следните парламентарни избори, а потоа ќе следи и казна зад решетки, заврши Јанушев.

Коронавирус