среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ стои на ставовите дека СЈО има низа дефекти, не само законот, туку и луѓето кои се дел од тоа обвинителство

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ стои на ставовите дека СЈО има низа дефекти, не само законот, туку и луѓето кои се дел од тоа обвинителство

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на својот Фејсбук профил сподели статус во кој упатува голем поздрав до обвинителите, судиите и сите вмешани во монтираните случаи за “Тероризам” од Шведска.

-“Калајџиев изјавува дека на крај излегло дека СЈО служело само за да се урне ВМРО-ДПМНЕ и дека намерата на Владата е СЈО да згасне.”

“Тупанчевски пак тврди дека ние сме се покажале како незрело општество затоа што многу сме верувале во концептот на СЈО, а тоа ни се вратило како бумеранг. Се покажало дека таквото обвинителство (СЈО) има низа дефекти, не само законот, туку и луѓето кои биле дел од тоа обвинителство не докрај ја завршиле својата мисија, како што претходно најавуваа.”

Епа да де!!! Токму тоа. Тоа го зборувавме цело време во изминативе години? Ова се ставовите на ВМРО-ДПМНЕ!

Исто така, интересно е дека за НВО секторот не било прифатливо ниту едно од предложените решенија, оти така немало да се има никаква автономија во гонењето на висока коруција и политичари.

Дали со ова НВО секторот ни кажува, односно потврдува дека ЈО не е автономно и е под директива на водачот на криминално-рекетарската банда на СДСМ – Зоран Заев?

Кој го има истиот став со месеци, односно години наназад? ВМРО-ДПМНЕ? 🤔

П.С. – голем поздрав до обвинителите, судиите и сите вмешани во монтираните случаи за “Тероризам” од Шведска. 😉

П.П.С. – очекувам денес “ПР експертите” на СДСМ да го обвинат ВМРО дека стои позади одлуката на шведскиот суд и да го прашаат Мицкоски дали е вистина дека се сретнал со г-нот Андерс Ека, претседателот на Врховниот суд на Шведска.

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори, стои во неговиот пост на Фејсбук.