сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 83
home Вести

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ нема да повика на бојкот, можно е тоа да го направи СДСМ по поразот во првиот круг

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ нема да повика на бојкот, можно е тоа да го направи СДСМ по поразот во првиот круг

Во вечерашното гостување на шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, Игор Јанушев, изјави дека кандидатката Сиљановска има голема предност во тотал кај сите избирачи, без разлика дали станува збор за Македонци, Албанци, Власи, Бошњаци,Турци, Срби и сите останати.

Тој рече дека сите негови средби и разговори со граѓаните низ Македонија во изминатите два месеци одат во насока во насока на потврдување на победата на професорката Сиљановска.

-Бојкот нема да има, може да има после првиот круг ако СДСМ повика на бојкот. ВМРО-ДПМНЕ ниту повикало, ниту ќе повика, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе референдумски, сите поддржувачи на Гордана Сиљановска Давкова ќе излезат референдумски и ќе ви нанесат таков страшен пораз што за неколку месеци ќе морате да распишете парламентарни избори, му порача Јанушев на Кирацовски.

Коронавирус