недела, 12. јули 2020. Вести денес: 185
home Вести

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никаков долг од кампањата за претседателските избори

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никаков долг од кампањата за претседателските избори

Во своето гостување во емисијата „Само интервју“, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев зборуваше и ја објасни целата законска процедура за финансирање на кампањата за претседателските избори каде кандидат беше Гордана Силјановска Давкова.

-Пред да почнеме со кампањата, пред да се регистрира Гордана Силјановска Давкова како правно лице-кандидат за претседател таа беше пред се подржана од повеќе од 10.000 односно со најмалку 10.000 потписи. Кога ВМРО-ДПМНЕ ја подржа, односно стана наш кандидат за изборите ние склучивме договор со Гордана Силјановска Давкова каде што ги одредивме правата и обврските и се што е направено во склоп на изборите и е согласно закон, истакна генералниот секретар Јанушев.

Тој во своето гостување објасни дека најпрво се отвара посебна сметка, донации, спонзорства се како што е по закон оди на таа сметка и се се исплаќа од таа сметка.

Имено тој посочи дека доколку се остане должен тоа се нотира во извештајот и согласно законски предвидените рокови се затвара сметката и се доставуваа извештаите до ДИК, ДКСК.

Јанушев рече дека ВМРО-ДПМНЕ останала должна спрема две фирми при што го потенцираше следното:

-Едниот долг е веќе подмирен, значи не должиме ништо на едната од фирмите и е целосно платен. Во однос на другата фирма каде што сеуште имаме долг направено е спогодба за плаќање на рати. 2-3 рати се доспеани во момонетов, се платени и во моментот немаме никаков доспеан долг. Како иде динамиката за плаќање, фирмата фактурира, ние плаќаме долг. ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутен никаков долг.

Тој додаде дека доколку се констатирало дека партијата има долг, законот предвидува задолжително императивна форма во рок од 3 месеци да се затвори истата, па оттука се поставува прашањето каде е прекршокот кој го прави ВМРО-ДПМНЕ?