понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ не е СДСМ, не е Заев, ако нешто кажеме дека ќе направиме, ќе го направиме

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ не е СДСМ, не е Заев, ако нешто кажеме дека ќе направиме, ќе го направиме

На „Утрински брифинг“ утринава гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не е СДСМ , ниту Заев, се што ќе вети ќе исполни.

-Не гледам што е тврдо во тоа да си ја браниме позицијата која од самиот почеток ја имавме. Видете не сме ние Заев, ниту СДСМ па денес сабајлево кај вас да кажам едно, до вечерва во некој прес или изјава да кажам нешто што е 180 степени различно, истакна Јанушев.

Јанушев додаде дека со 80 пратеници и бадентерово мнозинство се менува Уставот, а не Преспанскиот договор.

-Нема ништо тука проблематично, тоа е формалната постапка согласно Уставот за негова промена. Ние би биле несериозни и би биле буквално за еднократна употреба доколку кажеме дека со 80 и бадентерово ќе направиме нешто, и ако имаме прилика тоа да го направиме да не го направиме. Тогаш за што сега седиме, за што разговараме? И за што сме се решиле да се занимаваме со ова? Јас пак ќе повторам дека ние не сме СДСМ, ние не сме Заев. Ако нешто кажеме дека ќе направиме, ќе го направиме. И ако излезе така како што сме кажале нормално дека ќе го направиме, без разлика за што станува збор. Тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го направиме, нагласи Јанушев. Јанушев појасни дека нема да има лажни ветувања, нема да има ветувања за брди и долини како што го прави Заев и СДСМ. Се она што ВМРО-ДПМНЕ ќе вети ќе го реализира. Времето е тоа што ќе каже дали сме во право или не. За 6 месеци од сега граѓаните ќе имаат прилика да се уверат дали тоа што го говориме е вистина или не, рече Јанушев.

Јанушев посочи дека Преспанскиот договор за ВМРО-ДПМНЕ е капитулантски договор. Таков беше од самиот почеток.