понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 88
home Вести

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада, ова што се случува е удар врз демократијата

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада, ова што се случува е удар врз демократијата

Да кажеме вечерва дека ова што се случува е удар врз демократијата, во најмала рака ќе биде траги-комично, ова што вечерва се случува е дно, истакна генералниот секретар на партијата Игор Јанушев.

-ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада. Членовите на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полициски службеници. Никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозиција. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели. Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку. Режисерите на ова сценарио сакаат да ги заплашат сите кои мислат поинаку и се противат на капитулантската, антимакедонска политика на аболицираниот Зоран Заев, рече Јанушев и додаде:

„Во ваквиот прогон, Заев ги злоупотребува и медиумите. Она што вечерва го прават неговите орди не е помирување туку дополнително зовривање на политичката криза. Овој притисок е удар врз опозицијата и тој нема да помине туку така. ВМРО ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни, демократски и сите неоходни средства за да застане на патот на злоупотребата на институциите и обидот за замолкнување на опозицијата. ВМРО и Македонија се жртви токму на неспособноста на аболицираниот Заев. Година и половина ја уништуваат сопствената држава и сето тоа го прикриваат со политички прогон кој кулминираше вечерва и според нашите информации нема да престане. Ако мислите дека ќе не заплашите, се лажете! Добро ве знаеме. Ќе дојде денот кога за ова ќе одговарате и вие кои го извршувате ова сценарио и оние кој што го нарачаа и организираа ова по наредба на Заев. Доколку полицијата поседува налог и навистина се сомнева дека Никола Груевски е во штабот позади, може слободно да дојде и со нас да провери. Ова е политички прогон, ништо повеќе, ништо помалку“.

Локални избори 2021