среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 65
home Вести

Јанушев: Власта сака да прикаже реформа на безбедносниот разузнавачки сектор, но тоа е една груба шминка

Јанушев: Власта сака да прикаже реформа на безбедносниот разузнавачки сектор, но тоа е една груба шминка

„Се она што изминативе неколку години во јавноста и пред меѓународниот фактор впрочем се обидува да се прикаже како реформа на безбедносен разузнавачки сектор е една груба шминка. Зошто го велам ова? Извештајот беше доставен во август, седницата се одржа во ноември со оглед на тоа дека во претходните два месеци се одржуваа изборите, така да не бевме во можност да одржиме седница на Комисијата на кој што ќе се разгледа Извештајот. Сепак би сакал нели да поздравам тоа што овој пат Извештајот е доставен со доцнење од само осум месеци, ланскиот на пример беше доставен со доцнење од повеќе од една година, па го разгледувавме во следната година“, истакна Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Јанушев додаде дека Комисијата она што го прави во однос на тоа што е доставено и што го има како предмет на работа постапува, на пример за тој лански Извештај беше проследена реакција до Јавното обвинителство во однос на тоа кои се забелешките кои што ги има Комисијата во однос на Извештајот.

„Инаку самиот Извештај како Извештај е една сувопарна математичка операција каде што се дадени само бројки и преглед во однос на колку прислушувања се направени, врз основа на кој член од Законот, кои кривични дела, дали сторителите се познати или непознати. Впрочем како и во ланскиот Извештај и во овој Извештај последниот недостасува финансискиот дел иако тоа е обврска на Јавното обвинителство согласно Законот“, рече Јанушев.

Јанушев посочи дека никогаш не се користи мерката каде што може да се вбројат компјутерските системи впрочем се гледа дека има огромен број на кривични дела поврзани со економскиот криминал.

Коронавирус