петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 23
home Вести

Јанушев: Власта е немоќна и се дрзнува кон фалсификување на волјата на граѓаните

Јанушев: Власта е немоќна и се дрзнува кон фалсификување на волјата на граѓаните

Власта е немоќна и се дрзнува кон фалсификување на волјата на граѓаните. Постојат сериозни индиции за полнење на гласачки кутии во Општина Сарај, поточно во Ласкарци и во Радуша, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.

-Има драстично зголемена излезност до 15 часот, дури поголема во текот на целиот изборен ден споредено со минатите избори во 2017-та година, јас зборувам со факти:

ИМ 2455
Вкупен бр. На гласачи 656
11ч. Гласале: 46
13ч. Гласале: 142
15ч. Гласале: 409
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 397.

ИМ 2458/1
Вкупен бр. На гласачи 471
13ч. Гласале: 74
15ч. Гласале: 381
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 174.

ИМ 2450
Вкупен бр. На гласачи 923
11ч. Гласале: 46
13ч. Гласале: 380
15ч. Гласале: 620
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 527.

ИМ 2430
Вкупен бр. На гласачи 809
11ч. Гласале: 130
13ч. Гласале: 433
15ч. Гласале: 490
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 401.

Порачувам власта да ги тргне рацете од народот и да остави по сопствено убедување на постапи. После сето ова сум повеќе од убеден дека Македонија ќе победи. И оваа кражба на народната волја ниту оние закани и уцени нема да поминат, додава Јанушев.

Коронавирус