понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 133
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јанушев: Владата на СДСМ ја задолжи Македонија како никогаш до сега, а пред да дојдат на власт ветуваат бројчаници на Триумфална

Јанушев: Владата на СДСМ ја задолжи Македонија како никогаш до сега, а пред да дојдат на власт ветуваат бројчаници на Триумфална

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, утринава имаше интервју во „утрински брифинг“ каде што посочи дека енормното задолжување на СДСМ е неоправдано.

-Бидејќи од сите задолжувања граѓаните ништо не видоа добро за нив, ниту еден проект не се оствари со овие задолжувања. Во првите обраќања односно во комуникација со јавноста на дополнителниот заменик министер кој што беше назначен Гордана Кочоска имаше всушност коментар во однос на раздолжувањето. А, во неделата претходно мислам дека имавме неколку прес конференции каде што се реагираше на се поголемото задолжување и во однос на проценти колку тоа изнесува меѓутоа и во апсолутна бројка. И факт е дека имаме поголемо задолжување од било кога до сега, истакна Јанушев.

Јанушев додаде дека иронијата да е дотолку поголема е што оваа криминално рекетарска банда на Заев, една од главните алатки, една од главните тези за напад додека беа опозиција беше токму задолжувањето.

Ставаа саати, бројчаници на триумфалната капија. Но сепак како и се друго на манипулативен начин со лажење им помина и тоа. И всушност ја задолжија државата како никој никогаш до сега. Тој тренд мора да запре, а од друга страна факт е дека исто како и сите останати држави одредено задолжување во одредени проекти мора да има. Бидејќи тоа е начин како да се развива економијата бидејќи ние не сме богата држава која што ќе може сама да финансира сите во проекти кои што ќе влезе. Исклучително важно е да проектите кои што ќе се спроведуваат, проектите кои што ќе придонесат државата да оди напред е да имаат некоја додадена вредност и со нивна реализација притоа да се генерира дополнителен импакт во самата економија, објасни Јанушев.

Коронавирус