петок, 22. март 2019. Вести денес: 106
home Вести

Јанушев: Убијците на децата од Смилковско се на слобода, а луѓето за 27 април се прогласени за терористи

Јанушев: Убијците на децата од Смилковско се на слобода, а луѓето за 27 април се прогласени за терористи

Денешната пресуда за случајот 27-ми април е резултат на политички монтиран процес, и е производ на  евидентна неправда, ова денеска на прес-конференција го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти. Јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите. Тоа е последица на нервозата и паниката кај Заев. Треба да знае дека пресудите и прогонот нема да му помогнат, туку само ќе го тонат подолу. На дело се демонстрираше Кацарска судството и Русковска обвинителството кое за жал се потврди дека се само слуги на Зоран Заев. Не ги интересира ниту правото, ниту правдината. Не ги интересираат ниту доказите, ниту околностите. Ги интересира само спроведувањето на партиско политичките нарачки на Заев. Ние сме држава во која убијци на малолетни деца како што е случајот со Смилковско езеро се на слобода, а луѓе од 27-ми април се судат за терористи, потенцира Јанушев.

Тој додава дека оваа пресуда е нарачана и однапред позната.