сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 78
home Вести

Јанушев: Толку сме паднати на дното, што мачето на Лиле Стефанова добило државна грижа

Јанушев: Толку сме паднати на дното, што мачето на Лиле Стефанова добило државна грижа

Дознавме дека и мачето на обвинителката Лиле Стефанова добило државна грижа, односно службена кола платена од граѓаните за прошетка низ Македонија, ама граѓаните од СЈО правда не добија.

Воедно, дознавме дека и “партискиот сатрап” во македонското судство – Кацарска, според сведочењето на Лиле Стефанова вртела телефони да ургира полесно да поминат некои од обвинетите.

Нормално, Јовевски и Заев молчат и нема сега повици и лелеци за разрешување на судија зошто ургирал за предмети.

На крајот од денот не пропушти Боки 13 да испрати порака до мозокот на рекет преку FB профилот на 1ТВ за да ги исплаши оние со кои заедно си одработуваа.

ВО ПРАВНА ДРЖАВА ПО ПРИЗНАНИЕ ДЕКА КАЦАРСКА УРГИРАЛА ЗА ПРЕДМЕТИ, ИСТАТА УШТЕ ДЕНЕС ЌЕ БЕШЕ РАЗРЕШЕНА, А ЗАЕВ ЌЕ ДАВАШЕ ИСКАЗ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ЗА РЕКЕТИРАЊЕ.

Но, бидејќи немаме правна држава, за оваа епизода ќе се почека, а народот ќе го одлучи тоа на 12-ти април кога обновата ќе победи. Напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Коронавирус