среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 68
home Вести

Јанушев: Тоа што го има во договорот за мене лично како Игор Јанушев, Македонец, не е прифатливо

Јанушев: Тоа што го има во договорот за мене лично како Игор Јанушев, Македонец, не е прифатливо

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во вчерашното гостување во емисијата “200“ на Алсат телевизија, истакна дека милион пати може да ја повториме тезата дека, ако мнозинството од тие што ќе излезат да гласаат на референдум се изјаснат “за“ дека е тоа тоа но, во Законот за референдум јасно и концизно пишува што се смета за успешен референдум, и дека еден од критериумите за ушпешен референдум е постигнување на цензусот од 50% плус еден гласач запишани во избирачкиот список.

Ние можеме милион пати да ја повториме тезата дека од тие што ќе излезат ако мнозинството се изјаснат за дека е тоа тоа. Јас се извинувам, но законот не го вели тоа. Законот за референдум, членот 30, многу јасно и прецизно, концизно, недвосмислено, си пишува што се смета за успешен референдум. Ние бараме како ВМРО-ДПМНЕ да се почитува, ако сакаме да одиме во Европска Унија да се залагаме за принципите и идеалите на Европска Унија, ние не можеме да кажеме дека откако ќе влеземе во Европска Унија, ќе почнеме да градиме правна држава и почитување на правниот систем и поредок, притоа кршејќи го истото тоа право истото таа правна држава, рече Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Од друга страна рече Јанушев може и да направиме паралели со референдумот од 2004-2005 година, зошто тогаш не важеше истиот тој принцип, тогаш имавме неуспешен референдум. Тој исто така потенцираше дека не сака да се навраќа назад туку дека едноставно сака да направам една паралела.

Само сакам да кажам дека спротиставувањето на договорот и неприфаќањето на истото, може да се искаже со тоа што ќе се излезе и ќе се гласа против, или со тоа што ќе се седи дома. Ние викаме, на граѓаните е да одлучите како ќе постапите, ваше е ние нема да ви кажеме. Сметаме дека граѓаните на Република Македонија се доволно паметни, доволно самосвесни, дека знаат како да постапат. Ние не криеме ништо, од смиот старт кажуваме дека сме против договорот, беше дециден Генералниот секретар.

Јанушев вели дека ова што го имаме овде во договорот за него, не само како претставник на ВМРО-ДПМНЕ и генерален секретар, лично како Игор Јанушев, македонец, не е прифатливо.

Зошто јас не смеат на начин на кој сметам дека треба да ја искажам мојата волја кон овој договор, вие ми викате дека не е така. Со кое право ми го ускратувате тоа право?, запраша Игор Јанушев.

Коронавирус