петок, 25. септември 2020. Вести денес: 24
home Вести

Јанушев: Со Спасовски и Заев сигурни може да бидат само криминалците и рекетарите

Јанушев: Со Спасовски и Заев сигурни може да бидат само криминалците и рекетарите

Извршната власт била во сигурни раце на Спасовски – кажа Заев. Со Спасовски и Заев сигурни може да бидат само криминалците и рекетарите во земјава, пишува на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Сигурните раце на Спасовски значат прво место на земјава во Европа по корупција и криминал, ослободени убијци на 4 малолетни деца кај Смилковското езеро, да го пуштат да избега убиецот на Мартин Нешкоски, скопскиот асфалт стана како оној во Бејрут, нема месец да нема некое крваво убиство или огнена престрелка како на Дивиот Запад. Ако ова се сигурните раце на Спасовски, не сакам да знам како изгледаат неговите несигурни раце, вели во својата објава Јанушев.

-И додека техничкиот премиер во оној “зелен спот” одговарајќи на 30 прашања, на прашањето што би му порачал сегашниот Оливер на Оливер кога имал 18 години, овој гордо и недоветно како од пушка ќе каже да биде чесен, што не упатува на тоа само да замислиме колку бил нечесен од мали нозе, додава Јанушев.

И на крај, додека Заев верува во сигурноста на Спасовски, мислам дека треба некој да му каже дека наместо премиерското место Заев по изборите, единствено што осигура е челното место на Спасовски во СДСМ, заклучува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Или што би рекол Заев – премиер повторно “мало сутра”!, порачува Јанушев.

Коронавирус