вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Со Силјановска почнува падот на заевизмот, a таа ќе биде најдобриот претседател на Македонија

Јанушев: Со Силјановска почнува падот на заевизмот, a таа ќе биде најдобриот претседател на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и сега откако Заев не  прифати заедно со претседателските да има и предвремени парламентарни, инсистира да има што поскоро предвремени парламентарни, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев гостувајќи на телевизија 24 во емисијата Фактор.

-Сега сме насочени кон голема победа на претседателските избори, а потоа не се откажуваме ниту од предвремени парламентарни избори, изјави Јанушев.

Прашан дали ќе ги добијат гласовите од Албанците, Јанушев објаснува: „Дали и вие верувате дека шириме антиалбанска политика, ние спориме со начинот на кој е донесен Законот за јазиците, го донесоа на начин спротивен на Уставот, ние дадовме забелешки и ако ги слушне и одговореа на нив ќе имаше поинаква ситуација“.

Според него Заев знае дека ја губи поддршката кај Македонците и манипулира со Албанците, а тоа ќе им се врати како бумеранг и тоа сега на претседателските избори, рече Јанушев додавајќи  „затоа и верувам во победа“.

-Заробена држава и заевизмот е ментална работа, имаме девастирање на македонското општество, владеење на правото е мисловна именка, не функционира ништо во државата, Јанушев категоричен дека не постои алтернатива и дека Силјановска ќе победи на изборите.

-Нормално очекуваме победа. Граѓаните очекуваа патишта,  инвестиции, докторите  100 илјади денари плата и што се не беше ветувано, а што е направено ништо. Граѓаните гледаат и ќе ги казнат, рече Јанушев.

Според него бојкот не е никаква варијанта.

-Ниту посакуваме, ниту мислиме дека ќе има бојкотот. Ние имаме одличен кандидат и убедени сме и дека Силјановска ќе биде најдобриот претседател што го имала Македонија. Со неа почнува падот на заевизмот, почнува градењето на правото и правдата. Тоа треба да го добие Македонија и верувам дека ќе го добие тоа ба да го добие, заклучи Јанушев.