четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Со расфлањето на владата до крајот на годината ќе потрошат околу милијарда и 300 милиони евра од буџетскиот дефицит

Јанушев: Со расфлањето на владата до крајот на годината ќе потрошат околу милијарда и 300 милиони евра од буџетскиот дефицит

Вечерва во вестите на Канал 5 вклучување имаше и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој што посочи дека ако Владата продолжи на овој начин да функционира како што досега функционира, тогаш до крајот на годината ќе имаме над 1 милијарда или поточно околу една милијарда и 300 милиони евра потрошени пари од буџетскиот дефицит, што е недозволиво.

Наместо да се искористат барем дел од тие пари за справување со Корона вирус, каде што би се покажала владата дека се грижи за здравјето на луѓето и пред се за здравјето на оние кои што ни се најпотребни, а тоа се здравствените работници, нагласи Јанушев.

Јанушев додаде дека освен што може да се види дека во текот на пандемијата е како владата се бори за гол популизам, единствено што прават е пи – ар, само во таа сфера се добри.

Коронавирус