вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Вести

Јанушев со честитка по повод денот на Власите

Јанушев со честитка по повод денот на Власите

На сите припадници на влашката заедница ви го честитам Националниот ден на Власите – 23 мај, со искрени желби за успешно негување на влашката култура и традиција во Република Македонија.

Денеска, сите заедно поминуваме низ тешка економска криза, власт која нема слух за проблемите на граѓаните. Животот и секојдневието станува се полошо, но заеднички ќе го подобриме секој сегмент.

Ви посакувам добро здравје, меѓусебно почитување, мир и благосостојба.

Фејсбук статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.