понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Вести

Јанушев: Сите министри треба да одговараат пред закон, заврши времето кога одговараа само пред Заев

Јанушев: Сите министри треба да одговараат пред закон, заврши времето кога одговараа само пред Заев

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во „Утрински брифинг“ посочи дека целта на сите кои што се во владата и сите кои што се дел од државната јавна администрација, без разлика на која функција и позиција се наоѓаат, треба дословно да ги спроведуваат законите.

-Дали тоа ќе биде само во сегментот во спроведување на фер и демократски избори или ќе биде буквално во секој сегмент согласно овластувањата, правата и должностите кои што ги имаат избраните функционери тоа секако треба народот да го цени. Меѓутоа она што е битно е дека овие пет луѓе кои што влегоа во техничката влада на предлог на опозицијата односно на ВМРО-ДПМНЕ треба дословно да се држат до она што, нели, им е дадено како работни задачи согласно Устав и закон да го спроведат во нивниот мандат од речиси 100 дена, нагласи Јанушев.

Јанушев додаде дека министри пред се одговараат пред законите, меѓутоа нивен формален претпоставен е секако претседателот на Владата.

Коронавирус