среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Системот ќе функционираше ако се отвореа истраги за криминалите на оваа Влада

Јанушев: Системот ќе функционираше ако се отвореа истраги за криминалите на оваа Влада

Системот ќе функционираше ако се отвореа истраги за Рекет 1 и Рекет 2, потоа дали Катица Јанева требаше да се остави да оди на одмор и да се уништуваат докази, дали не требаше да има истрага за генералниот секретар на Влада, Драги Рашковски за тендерите за Македонска навигација и хиликоптерите, дали требаше истраг за Диамед, потоа за денешниот случај кога сопственик на фирма кажува кога му барале рекет како поминал после, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на дебатата на Телевизја 24 на која учествуваше и Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација.

Според него СДСМ се обидуваат да го минимизираат она што се случува.

-Тоа говори дека забораваат оти се на власт. Потоа чиј пулен беше Русковска. Потоа се инсистираше за нов закон за јавно обвинителство сега никој не зборува за нов закон зошто не им одговара на СДСМ ако се обезбдеи независност на обвинителството. Не скавте да го прифатите тоа што го предлагаше ВМРО-ДПМНЕ, тоа се само меѓународни норми за јавно обвинителство, му посочи Јанушев на Манчевски.

Тој укажа и дека на див начин имаше обид да се префрлат случаите од СЈО во јавното обвинителство.