вторник, 30. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: СДСМ со поткуп, закани и уцени се обидува да го спречи потопот кој ќе се случи во недела

Јанушев: СДСМ со поткуп, закани и уцени се обидува да го спречи потопот кој ќе се случи во недела

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во изјава за телевизија 24 вели дека оваа кампања била скандинавска, но за жал реалноста е далеку од скандинавска.

-Денес имавме прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која што господинот Ковачки ги соопшти сите оние лица кои го вршат поткупот на СДСМ, така да видовме една кампања каде со недостиг на идеи и визија имаме повторување на програмите од 2017 година, единствено нешто што останува е СДСМ да води црна кампања, вели Јанушев.

Тој додава дека СДСМ со поткуп, закани и уцени се обидува да го спречи потопот кој ќе се случи во недела.

-Поткупот е документиран и по комплетирање на целата документација ќе се поднесе соодветна пријава, рече Јанушев.

Коронавирус