четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Јанушев: СДСМ не сака расчистување со криминал, туку елиминација на ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: СДСМ не сака расчистување со криминал, туку елиминација на ВМРО-ДПМНЕ

Многу е јасно дека во државава не може да има паралелни обвинителствота, тоа е надвор од сите правни норми, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија 24.

Според Јанушев, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е многу јасен и оти тие бараат остварување на три основни принципи кога станува збор за СЈО, односно законот за јавно обвинителство за кој има преговори.

-Прво, потребно е целосно имплеметирање на меѓународните приниципи за јавното обвинителство. Ние не можеме да сме заморчиња за некои експерименти, не за вака крупни работи како сега. Станува збор за институција јавно обвинителство и треба да се применуваат меѓународни стандарди. Второ, потребна е заштита на човековите права согласно со меѓународните документи и пракса.

Трето, избор на јавен обвинител да биде по предлог на опозицијата. Еве ако сака СДСМ тоа нека по шест месеци, по година дена од сега, објасни Јанушев. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека треба да одговара секој што сторил криминал.

-Тука се ТАТ, Глобал, кога Заев бара едно евро за Вицето. Ако СДСМ спори со ова тогаш имаме доказ дека сте против право и правда, рече Јанушев. Тој укажа дека СДСМ не сака истраги за криминал туку сака елиминација на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус