сабота, 15. август 2020. Вести денес: 63
home Вести

Јанушев: СДСМ не работи на проекти, одлика на СДСМ е корупцијата и криминалот и Луј Вутон куферчињата

Јанушев: СДСМ не работи на проекти, одлика на СДСМ е корупцијата и криминалот и Луј Вутон куферчињата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ рече дека и предизборитео покажало дека ВМРО-ДПМНЕ е многу различно од СДСМ.

„Секогаш имало разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а и внатре во партиите има разлика затоа што секоја нова генерација си носи нови визии, и на крајот никој не е венчан за функција затоа прво е еден на една функција, потоа доаѓа друг“, рече Јанушев

Говорејќи за актуелните политики кои ги спроведуваше владата предводена од СДСМ.

„Слушаме нови скандали секој ден. Секојдневно има случаи на корупција, криминал, рекетирани пари во Луј Вутон куферчиња, криминални тендери во здарвство, но и во другите области. Јас ги повикувам да и кажат еден нивни проект кој го осмислиле или барем да го започнале, еве ги повикувам подолго време, но никој не кажува ништо“, кажа Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 3, Јанушев потсети и дека се што се правело како инвестиции, инфраструктура е направено во време на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега во овие три години од СДСМ нема ништо. Да бидеме реални единственото време кога доаѓаа инвестиции, се градеа патишта беше во време на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Јанушев.

Коронавирус