среда, 8. декември 2021. Вести денес: 102
home Вести

Јанушев: СДСМ го згази достоинството на Македонците и на секој граѓанин кој живее во оваа држава

Јанушев: СДСМ го згази достоинството на Македонците и на секој граѓанин кој живее во оваа држава

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вчерашното свое гостување во емисијата „200“ на телевизија Алсат М истакна дека актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев со ваквиот пристап на решавање на спорот со името со Република Грција предизвикала нарушување на достоинството на Македонците на сите граѓани на Република Македонија.

Според Јанушев главното прашање за овој спор е како ќе се реши, што се е вклучено во пакетот, за што точно се преговара и разговара на средбите со грчката страна.

– Ајде нас како политичка партија веќе на сите им е јасно дека не држат на страна и не не информираат што се случува. Претпоставувам дека во СДСМ се информирани и знаат што се случува, веројатно не е оставено на еден или на двајца луѓе да ги донесуваат одлуките кои што генерации кои што живеат или кои што ќе продолжат да живеат во Република Македонија, треба да го знаат тоа. Значи нарушени се сите преговарачки позиции. Нарушено е достоинствено на Македонецот, нарушено е достоинството на сите кои што живеат во оваа држава, потенцираше тој.

Јанушев уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ за спорот за името.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е кристално јасен, НЕ за промена Уставот со цел промена на уставното име и никакво задирање во македонскиот идентитет, нагласи Јанушев.

Најнови вести

Коронавирус